Што да правите ако детето одбива да јаде зеленчук?

Наместо да им го прикривате зеленчукот во оброкот, вклучете ги во подготовката

0
220

Дали имате проблем со децата околу јадењето зеленчук?

Многу деца овие здрави намирници само ги врткаат низ чинијата, оттурнувајќи ја со гадење и неретко одбиваат дури и да пробаат. Зеленчукот некако доби негативна стигма во светот на децата, па дури и во цртаните филмови знаат да го исмеваат и да го прикажуваат како невкусен или како нешто што треба да се изеде за казна. Но, зеленчукот подготвен и послужен на вистински начин, може да биде многу вкусно, па дури и забавно.

Овие 5 трикови ќе ви покажат како:

Конфети од зеленчук

Конфетите од зеленчук можат да послужат за поросување и за украсување на разни јадења. Исечкајте го на многу тенки тркалца, а ако е детето поголемо, вклучете го во процесот на изработка.

Исечкајте конфети од неколку видови зеленчук (морков, краставица, домат, брокула, карфиол), поросете ги врз јадењето така за да не превладува нивниот вкус, но да го разубават изгледот на чинијата.

Одбери сам

Понудете му на детето некоку избори. Значи, поставете го пред ставот дека зеленчук мора да се јаде, но детето мое само да избере кој ден кој зеленчук ќе го јаде. Секако, не дозволувајте секогаш да станува збор за два вида на зеленчук од кои едното ќе биде компир.

Така се децата посреќни зашто имаат чувство дека се големи и дека стекнале одредена контрола и право на одлучување.

Пире од зеленчук

Многу деца полесно ќе изедат пире од зеленчук отколку зеленчук во парче. Направете им пире од сладок компир и помешајте со цвекло, што ќе добие интересна виолетова боја. Но никако не се обидувајте да им го скриете зеленчукот внатре и да не им кажувате што има, туку вклуете ги во подготовката.

Спирали

Зеленчукот исечен во спирали многу убаво изгледа, а на децата им е интересбо и да гледаат додека тоа се прави.

Набавете апаратче за спирално сечење зеленчук и наместо класични, употребете шпагети од зеленчук.

Смути

Кога ништо не ви поаѓа од рака, смути може да е вистинското решение. Обидете се само со зеленчук или искомбинирајте го зеленчукот со овошје. На пример, можете да комбинирате спанаќ со круша, грозје и авокадо, брокула со јагода, морков со портокал…

[better-ads type='banner' banner='999' ]