Дали се мачките навистина опасни за трудниците?

Иако преовладува спротивното мислење, не мора да се ослободите од мачката ако решите да забремените, но има неколку основни работи што треба да ги знаете пред вашето домашно милениче да го дочека новиот член на семејството.

0
324

Мачките, бремените жени и бебињата живееле мирно заедно илјадници години. Дури и сега ситуацијата не е поинаква. Сепак, некои мерки на претпазливост не се на одмет. За бремените жени, може да е опасен садот со песокот на мачката, но не и самата мачка. Дури е и пожелна.

Мајките најмногу се плашат од токсоплазмоза (мачкитис), паразитска инфекција која се поврзува со мачјиот измет, песок или земјата на која мачињата вршеле нужда. Ако жената добие токсоплазмоза во бременоста, дури и неколку месеци пред зачнувањето, може да дојде до сериозни оштетувања на мозокот и очите на идното бебе. Оваа болест ја предизвикува паразит, кој може да ја нападне вашата мачка ако таа изеде плен, кој е веќе заразен или ако дојде во контакт со контаминирана почва. Оваа болест е, затоа, многу ретка кај мачките кои живеат исклучиво во стан.

Сепак, треба да се внимава на песокот. Ако одлучите да ја задржите мачката, задолжете еден од членовите на семејството да го преземе чистењето на мачјиот песок наместо бремената жена во следните девет месеци. Ако идната мајка треба да го исчисти „тоалетот“ на мачката, таа мора да носи заштитна маска и гумени ракавици. Рацете треба потоа темелно да се измијат. Внимавајте секојдневно да го чистите песокот и да го менувате што е можно почесто.

Може да се инфицирате дури и ако мачките биле во вашата градина или во детскиот песок за играње. Затоа, бидете внимателни кога работите во градината. Носете ракавици и често мијте ги рацете.

За да ги смирите стравовите, можете да направите и тестирање на крвта за да откриете дали сте имуни на болеста. Ако живеете подолго време со мачки, можеби веќе сте ја „преболеле“ токсоплазмозата и во тој случај немате за што да се грижите, нема да ја добиете повторно, а вашето бебе ќе биде потполно безбедно.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]